ПОИМ
За своите лојални клиенти, Финансиско друштво СН ФИНАНСИИ ДОО Битола, Акционерско Осигурително Брокерско Друштво МИНТ ИНС АД Скопје, Друштво за услуги, трговија, деловни активности и образование ЈК ТРАВЕЛ ДОО увоз-извоз Битола и Голдмен Капитал ДООЕЛ Скопје-за брендот „P2P“ (заедно во натамошниот текст: Членките на Минт Групата), преку Друштво за деловен консалтинг, менаџмент и маркетинг МИНТ ФИНТЕК ГРУП увоз-извоз ДОО Битола а со поддршка на Друштво за услуги,трговија и производство ВЕБИАРТ ДОО увоз-извоз Битола и Друштво за посредување, трговија и услуги КУПИ НА РАТИ ДОО увоз-извоз Битола воведуваат програма за лојални потрошувачи MINT BONUS.
Во рамки на програмата членките на МИНТ Групата за своите лојални клиенти издаваат Mint Coins кои може да се искористат при купување на услуги кај сите членки на групацијата или за купување на производи од online shop на Операторот. Лојалните потрошувачи собираат и користат поени на следниов начин:
Финансиско друштво | Услов | Бонус | Употреба | Исплата на кредит | 100 Mint Coins | Mint Coins се користат за купување на ваучер за уплата за производи и услуги кај Договарачите на маркетинг услуги или за купување на производи од online shop на Операторот 1MC=1МКД | Исплата на кредит на кредитна картичка | 200 Mint Coins | Уплата на рата (до 5 дена доцнење) | 20 Mint Coins | Уплата на рата (со провизија за доцнење) | 10 Mint Coins | Трансакција над 300 МКД | 10 Mint Coins | Осигурителен брокер | Полиса до 1000 МКД (освен АО, ЗК и Патници) | 10 Mint Coins | Mint Coins се користат за купување на ваучер за уплата за производи и услуги кај Договарачите на маркетинг услуги или за купување на производи од online shop на Операторот (освен АО, ЗК и Патници) во однос 1MC=1МКД | Полиса 1001-5000 МКД (освен АО, ЗК и Патници) | 30 Mint Coins | Полиса 5001-10000 МКД (освен АО, ЗК и Патници) | 50 Mint Coins | Полиса 10001-20000МКД (освен АО, ЗК и Патници) | 70 Mint Coins | Полиса над 20001МКД (освен АО, ЗК и Патници) | 100 Mint Coins | Еднократна уплата по полиса (освен АО, ЗК и Патници) | 100 Mint Coins | Навремена уплата на рата (освен АО, ЗК и Патници) | 5 Mint Coins | Туристичка агенција | Нов аранжман до 1200МКД | 10 Mint Coins | Mint Coins се користат за купување на ваучер за уплата за производи и услуги кај Договарачите на маркетинг услуги или за купување на производи од online shop на Операторот услуги во однос 1MC=1МКД | Нов аранжман од 1201 МКД до 5000 МКД | 30 Mint Coins | Нов аранжман од 5001 МКД до 10000 МКД | 50 Mint Coins | Нов аранжман од 10001 МКД до 20000 МКД | 90 Mint Coins | Нов аранжман над 20000 МКД | 150 Mint Coins | Посредник | Нова регистрација | 10 Mint Coins | Mint Coins се користат за купување на ваучер за уплата за производи и услуги кај Договарачите на маркетинг услуги или за купување на производи од online shop на Операторот во однос 1MC=1МКД | Нова уплата преку интернет (по препорака) | 500 Mint Coins |
| | | |
ПРАВИЛА
Нашите клиенти по купување на некој наш производ или услуга имаат можност да учествуваат во MINT BONUS програмата преку доброволна регистрација со име и презиме и телефонски број на формата на интернет страницата на Mint Fintech Group по што се добива СМС ОТП код со кој се врши верификација на регистрацијата преку базите на податоци на Членките на Минт Групата пооделно секој субјект за сопствени постоечки клиенти.
Успешна регистрација претставува точно внесен ОТП код од апликант кој е верификуван како клиент на Членките на Минт Групата пооделно секој субјект за сопствени постоечки клиенти;
Mint Coins се добиваат без одлагање по успешна регистрација со префрлање на соодветен износ на Mint Coins на сметка на соодветниот клиент која се води во електронска форма кај Членките на Минт Групата пооделно секој субјект за сопствени постоечки клиенти;
Mint Coins се разменуваат за ваучер на лично барање од учесникот преку авторизирана најава на сопствена профил за програмата, преку софтверско решение достапно за учесниците во програмата преку интернет конекција кое Организаторот го одржува и администрира за Членките на Минт Групата пооделно за секој субјект за сопствени постоечки клиенти. По добиено барање за размена на Mint Coins за конкретен ваучер Организаторот во свое има а за сметка на клиентот врз основа на акумулираниот збир на Mint Coins во смисла на овие одредби, го презема бараниот ваучер од соодветниот Договарач на маркетинг услуги каде клиентот на програмата изразил интерес истиот да го искористи. За стекнување на ваучер се користат акумулираните Mint Coins сопственост на клиентот од сите Договарачи на маркетинг услуги.
Купен ваучер може да се искористи лично во филијала на Членките на Минт Групата пооделно секој субјект за сопствени постоечки клиенти.
Mint Coins може да се искористат и за купување на производи за лична употреба достапни преку интернет продавницата на програмата.
Операторот „Купи на рати“ за програмата води интернет продавница каде е овозможена овозможи интернет продажба на одобрен асоритман на производи за лична употреба со користење на Mint Coins, усогласени со позитивните законски прописи и најдобрите практики во дејноста.
Mint Fintech Group oдржува адекватно софтверско решение достапно за учесниците во програмата преку интернет конекција каде особено ќе биде видлива актуелната состојба на Mint Coins актуелната состојба на издадени и реализирани ваучери.
За секој ваучер купен со употреба на Mint Coins Mint Fintech Group на членките на Минт Групацијата пооделно на секој субјект за сопствени постоечки клиенти ќе му ја плати вредноста на издадениот ваучер во форма на уплата за производ или услуга во име и за сметка на соодветниот клиент а по реализацијата на ваучерот од клиентот.
По издавањето на соодветниот ваучер виртуелната сметка на клиентот се намалува за износот на Mint Coins кој одговара на износот на ваучерот.
Со зачленување во Програмата, и со нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. Правилата се достапни на интернет страницата на Mint Fintech Group.
ИНФОРМИРАЊЕ
Официјален начин на информирање и комуникација во програмата MINT BONUS e официјалната страница на Mint Fintech Group односно комуникацијата по писмен пат или по електронска пошта на следнава адреса: info@mint.com.mk.
Со пристапувањето во MINT BONUS програмата корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознати и дека се согласни со условите за користење на истите, и дека се информирани дека сносат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.
Корисникот може да престане да учествува во MINT BONUS програмата на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од MINT BONUS програмата за лојалност од страна на Членките на Минт Групата доколку не се придржува до правилата за користење.
Членките на Минт Групата имаат право еднострано да ги смени правилата и условите за MINT BONUS програмата без согласнот на Корисникот, објавувајќи ги новите услови на интернет страницата на Mint Fintech Group.
Членките на Минт Групата имаат дискреционо право на секој Корисник привремено или трајно да одбие да му впише поени, да му забрани пристап до поените, или да одбие користење на поените без објаснување.
Членките на Минт Групата го задржуваат правото да ја прекине MINT BONUS програмата за лојалност со претходно известување на својот интернет-портал.
ПРИВАТНОСТ
Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Членките на Минт Групата за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.
Со прифаќање на условите на Програмата членовите на Програмата можат да изберат дали Членките на Минт Групата да ги користи нивните лични податоци за директен (SMS и/или e-mail) маркетинг, а во согласност со законите во Република Северна Македонија.
Преносот и правото на користење на лични податоци на членовите на Програмата од Членките на Минт Групата кон МИНТ ФИНТЕК ГРУП увоз-извоз ДОО Битола и ВЕБИАРТ ДОО увоз-извоз Битола ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Членките на Минт Групата за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.
Со прифаќање на овие Правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Северна Македонија и интерните правила на Членките на Минт Групата.
Ваша,
МИНТ ФИНТЕК ГРУП ДОО Битола