Друштвото обработyва само лични податоци нужно потребни за вршење на
регистрираната дејност – советување во врска со работењето и останато управување, од своите:
-клиенти;
-деловни партнери;
-посетители на интернет страница и профили на социјални медиуми; и
-вработени.
Друштвото обработyва лични податаци преку следниве процеси:
-собирање/запишување на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-евидентирање/меморирање на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-организирање/структурирање/чување на лични податоци во елентронска и хартиена форма;
-увид во лични податоци во електронска и хартиена форма;
-употреба на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-откривање преку пренесување на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-копирање и умножување на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-анализа на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-архивирање на лични податоци во електронска и хартиена форма;
-уништување на непотребни лични податоци во електронска и хартиена форма;
врз основ на:
-писмена согласност на субјектот на лични податоци во која се наведени целите на обработката на податоците и обемот на податоци за обработка;
-конклудентно дејствие (потпишување на фактура, овластување за застапување, договор …) на субјектот на лични податоци од кое недвосмислено произлегyва соrласност со обработката на личните податоци на кои се однесува дејствието во смисла на член 4 став 1 точка 11 од 3акон за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија број 42/2020);
-исполнување на договорна обврска;
Целите заради кои се врши обработката на личните податоци се:
– советување во врска со работењето и останато управување на поврзани прави лица;
– советување во врска со работењето и останато управување за деловни соработници.
Целите заради кои се врши обработката на личните податоци се дефинирани во член 10 став 1, точка 2 и 6 од 3акон за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија број 42/2020) како: исполнување на договор каде „Субјектот на лични податоци” е договорна страна односно како: „исполнување на легитимни интереси на Контролорот или на трето лице освен кога таквите не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци кои што бараат заштита на личните податоци особено кога субјектот на лични податоци е дете“.
Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време на ист начин
како што првично ја дал или на поедноставен со писмено барање (вклучително и електронска
пошта).
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадена
согласност пред нејзиното повлекување.
Личните податоци наменети за збирките на поврзани правни лица или деловни соработници Друштвото ги пренесува на истите врз основа на соодветен писмен договор во согласност со закон за што „Субјектот на лични податоци” е лично информиран при давањето на личните податоци на начин од кој јасно произлегува согласноста за овој тип на обработка на лични податоци.
Друштвото обработува лични податоци добиени непосредно од „Субјектот на лични податоци” или од лице согласно закон овластено да ги даде личните податоци на „Субјектот на лични податоци”.
Друштвото како „Контролор” обработyва само нужно потребни лични податоци на свои вработени во согласност со закон и оваа политика заради остварување на нивните права од работен однос.
Друштвото во смисла на оваа политика како „Корисник” по потреба обработува лични податоци на посетители на деловните простории на Друштвото преку набавка на услуга на организација на видео надзор од трет субјект кој е организатор и администратор на видео надзорот и во цело време на вршењето на работата ги исполнува законските претпоставки кои се однесуваат на „Контролор“ на лични податоци, односно видео надзор.
Друштвото нема пристап до ниту една од компонентите на видео-надзорот и соодветните снимки се прибавуваат заради водење на судска или дисциплинска постапка во случај на безбедносен или сличен инцидент.
„Субјектите на лични податоци“ се известуваат за вршењето на видео надзорот од страна на
„Контролорот“ и ги уживаат сите права за заштита на своите лични податоци во согласност со
Законот за заштита на лични податоци и релевантните подзаконски акти.
Набавката и користењето на услуга на организација на видео надзор во смисла на овој став
Друштвото и третата страна ја регулираат со посебен договор усогласен со релевантните прописи за Заштита на лични податоци.
Вработените и надворешните Соработници на Друштвото се обврзани да постапуваат со личните податоци кои ги обработуваат соодветно на нивната катеrорија во смисла на овој член.
Друштвото обработyва лични податоци во електронска и хартиена форма.
Друштвото за потребите на свајата регистрирана дејност, со почитување на позитивните
законски прописи за заштита на личните податоци обработува:
− Име и презиме;
− Единствен матичен брај на граѓанинот;
− Адреса;
− Телефонски број;
Друштвото преку својата веб-страница обработува лични податоци заради овозможување директен маркетинг за себе, поврзани правни лица или деловни соработници, подобрување на корисничкото искуство со претходна писмена и недвосмислена согласност на посетителот на страницата.
Обработката на личните податоци се врши согласно одредбите за обработка, заштита и чување на личните податоци од позитивните законски прописи.
Друштвото задолжително овозможува секој потенцијален Субјект на лични податаци, пред да ги даде своите лични nодатоци за обработка кај Друштвото, детално да биде запознат со обемот, правниот основ и целите на обработка на неговите лични податоци, со податоци за надлежниот „Контролор”, „Обработувач” и„Офицер за заштита на лични податоци” преку:
-потпишување на писмена согласност за обработка на личните податоци; или
-потпишување на договор, овластување, согласност или фактyра од која јасно и недвосмислено произлегува дека Друштвото ги обработува неговите лични податоци за цели во обем потребен за реализација на тој акт.
Друштвото задолжително овозможува секој потенцијален Субјект на лични податоци, пред да ги даде своите лични податоци за обработка кај Друштвото, детално да биде запознат со можноста да ја повлече дадената согласнаст од став 1 на овој член со писмено барање (вклучително и електронска пошта) без оглед на кој начин истата ја дал или да поднесе барање за исправка или уништување на дадените податоци.
Субјектот на личните податоци има права да побара и да добие од Друштвото во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето, исправка на неговите неточни лични податоци со писмено барање (вклучително и електронска пошта).
Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.
Субјектот на личните податоци има право да побара од Друштвото да ги избрише неrовите
лични податоци при што Друштвото има обврска да rи избрише личните податоци во рок од 3
дена од денот на поднесување на барањето за бришење со писмено барање (вклучително и
електронска пошта), ако е исполнет еден од следните услови:
-личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин;
-субјектот на личните податоци ја повлекува својата согласнаст врз која се заснова обработката на податоците и ако не постои друга законска основа за обработка;
-субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката пo кој е позитивно одлучено
дека личните податоци биле незаконски обработени.
Ваша,
МИНТ ФИНТЕК ГРУП ДОО Битола